ВМРО-ДПМНЕ: Додека Скопје гори, Шилегов одмара по плажите во Хрватска

пред 3 години

Додека Скопје гори, а се почести се и најавите дека ќе се соочи со недостаток на вода, Шилегов одмара. За да го покријат неработењето на Шилегов гледаме секојдневно појавување и фалење на непознати ликови, со проекти кои и по неколку месеци од наводното отпочнување со градба се уште нема ниту метар изградено, реагираат преку соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

„Најнеспособниот градоначалник Шилегов два месеци нема асфалтирано ниту еден метар асфалт. Готов проект кој му беше оставен на Шилегов, четири години му стоеше во фиока, и пред избори му текна дека треба да се доврши булеварот „Борис Трајковски“. Од интензивното работење со кое се фалат од СДСМ го сметаат работењето на еден багер, само еден багер цели два месеци. Иако се уште не му се решени сите имотно-правни работи со мештаните, пулените на Петре Шилегов решија да го китат со перја додека тој се сонча на хрватските плажи“, пишува во соопштението од оваа партија.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека наместо денес булеварот „Борис Трајковски“ да е целосно готов и корист од неговото користење да имаат над 70 илјади граѓани кои гравитираат од овој дел од градот, се уште се слушаат информации дека во многу брзо време ќе бил завршен овој дел од булеварот.

„Доста е од лагите на најнеспособниот и мрзелив градоначалник на Скопје, Шилегов. Целиот свој мандат го преспа, а сега на цедило ги остави сите граѓани на Скопје, во време на кризна состојба со пожарите кои беснеат во скопско, а и со најавите без вода со кои би се соочиле скопјани“, се истакнува во соопштението од опозициската партија.

Share
Scroll to Top