ВМРО-ДПМНЕ: Кога Спасовски вели ќе вработиме 600 полицајци тоа се 600 партиски војници

пред 4 години

Кога Спасовски вели ќе вработиме 600 полицајци тоа се 600 партиски војници на грбот на народот, а СДСМ веќе прави списоци, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на објавениот оглас за вработување на 600 полицајци.

„Додека падот на економијата е еден од најголемите во Европа, кога 50 илјади лица останаа без работа, а половина милион граѓани живеат само со 130 денари на ден, власта си ги наградува партиските војници со работни места во државна администрација. Ветувањето за помала администрација во предизборна кампања кое што го даваше Зоран Заев бргу го заборави власта. И по изборите се воведе принципот вработи го секој лепач на плакати на грбот на народот. Доказ дека СДСМ ја полни државната администрација со партиски војници е огласот на МВР“, велат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека добиле информации дека по општинските организации на СДСМ се правеле списоците кои да се вработат во МВР.

„Тоа е така зошто Спасовски си прави партиска полиција, а тоа е уште еден доказ за партизацијата на полициските структури. Кога Спасовски вели ќе вработиме 600 полицајци тоа се 600 партиски војници на грбот на народот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Share
Scroll to Top