ВМРО-ДПМНЕ не блокира ништо во Собранието, само не дозволува да поминат криминалните проекти на Заев, реагираат од опозициската партија.
Во соопштението тие одговараат на прозивките на Јован Митрески од СДСМ кој денеска рече дека деструктивниот однос во ВМРО-ДПМНЕ е поради нивното раководството.
„Единствени кои работат против интересите на граѓаните и државата се луѓето од СДСМ. Никој ништо не блокира, посебно не ВМРО-ДПМНЕ. Проблемот е кај нив самите, кај Заев. Заев нема мнозинство во Собранието, односно ги стави пред свршен чин неговите да гласаат за недоверба“, стои во писмениот допис од ВМРО-ДПМНЕ.
Од оваа партија истакнуваат дека проблемот е кај Заев и дека тој треба да си го реши.
„ВМРО-ДПМНЕ е против корупцијата и криминалот на кои сакаат да им дадат легитимитет во Собранието. За да сопрат погубните политики за граѓаните и државата, Заев и СДСМ, треба да си заминат од власт, додаваат од опозициската партија.