Прес-конференцијата на Филипче не претставува ништо повеќе од очаен политички настап на човек кој веќе е свесен дека ја губи поддршката и незапирливо тоне, оценуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Филипче, додаваат од таму, денес не ја напаѓа содржината на предложените законски решенија затоа што знае дека тие се издржани и во интерес на државата, туку се обидува да создаде вештачка политичка драма околу укинувањето на т.н. техничка влада.
„Денес, кога институциите се стабилизираат и се враќа нормалниот демократски поредок, СДС панично се обидува да го задржи механизмот што им служеше како политички штит.
Оваа реакција на Филипче е класичен пример на политичка дезориентација затоа што од една страна се повикува на демократија, а од друга страна се противи на враќање на нормалноста во функционирањето на државата. Тоа е страв од изборен пораз кој Филипче денес јавно го признава“.
ВМРО-ДПМНЕ, потенцираат од партијата на Мицкоски, јасно знае што прави.
Според оваа партија, предложените законски решенија се дел од поширока визија за стабилна, функционална и одговорна држава, ослободена од модели и политички компромиси што ја деградираа државата институционално.
„Нашата политика не се темели на дневнополитички калкулации, туку на долгорочни системски решенија.
За разлика од Венко, кој живее во наратив на лаги и измислувања, ВМРО-ДПМНЕ работи со јасна стратегија, со конкретни цели и со одговорност кон граѓаните. Овие реформи ќе бидат реализирани не затоа што некој тоа го сака политички, туку затоа што државата тоа го заслужува“.
Текстот ВМРО-ДПМНЕ: Обидите за дискредитација нема да ја променат реалноста дека СДС се соочува со сопствениот политички крај е превземен од МАКФАКС.





