Пратениците од владејачкото мнозинство го одбија предлогот на пратеничката група на Комисијата за труд и социјална политика да се разгледува информација во врска со реализација на проектот за набавка и пуштање во употреба на модуларните болници.
Од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение коментираат дека власта се плаши од вистината.
„СДС – ДУИ гласаа против предлогот да се разговара отворено за пропустите при поставување и начинот на градба на болниците. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ беше поттикната да побара расправа пред се поради многуте нејаснотии врзани со начинот на градба, немањето на употребна дозвола и сериозните пропусти при градбата на модуларните болници“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Според опозициската партија, Заев, Филипче и Хасани се главни виновници за кочењето на истрагата поврзана со овој случај.