ВМРО-ДПМНЕ: СДС не сака отворање на рудник кој ќе ја заживее Крива Паланка и ќе отвори нови добро платени работни места

ВМРО-ДПМНЕ: СДС не сака отворање на рудник кој ќе ја заживее Крива Паланка и ќе отвори нови добро платени работни места

пред 5 часа

СДС против својот градоначалник, не сакаат отворање на рудник кој ќе го заживее регионот на Крива Паланка и ќе отвори нови добро платени работни места, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференцијата на портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

„СДС и Венко Филипче излегоа против својот градоначалник, кои и така ги имаат малку на број. СДС и Филипче не сакаат во Крива Паланка да се отвори рудник, наспроти ставовите на нивниот градоначалник дека со запазување на сите стандарди и процедури за заштита на животната средина, тоа ќе е добро како за локалната и за целокупната економија, така и за стандардот на граѓаните. СДС и Филипче немаат демократски капацитет да ги слушнат издржаните аргументи за рудникот во кривопаланечко, кои јавно ги кажува градоначалникот, тие одат против, само за да бидат против. Не може државата и граѓаните да страдаат поради несигурноста и стравот на Филипче дали ќе го задржи претседателското столче во СДС, и поради внатре партиската битка да се спротивстави на секој што мисли поразлично од партискиот врв“, се наведува во реакцијата.

Со ваквиот начин, велат од ВМРО-ДПМНЕ, СДС и Филипче покажуваат дека не сакаат Македонија да се развива, македонската економија да расте и македонските граѓаните подобро да живеат.

„СДС и Филипче уште еднаш покажуваат дека се против се што значи подобар животен стандард за народот. СДС на Венко Филипче не сака да се отвораат нови производствени капацитети, да се вработуваат граѓани, да земаат повисоки плати, тие сакаат само на нивната, таканаречена, партиска елита да им течат бизнисите, да градат висококатници по Дубаи, да купуваат акции во авиокомпании и да инвестираат во плантажи во Африка. За благосостојбата на граѓаните и македонската економија не се грижат. Да се грижеа, немаше за нивното седумгодишно владеење да го осиромашат народот доведувајќи пола милион граѓани на просјачки стап одвај преживувајќи со по 150 денари на ден, и немаше да ја опљачкаат државата носејќи ја до раб банкрот. Но, сепак има нешто што СДС на Филипче може сега, од опозиција, да го направи. Може што побрзо да се освести и да се консолидира, за да стане релевантна и кредибилна опозиција која ќе ги поддржи проектите во интерес на државата и граѓаните. Да биде коректив на власта со аргументирана критика, а не само со празни флоскули, само да се биде против, дури иако се работи за општествен и државен интерес. СДС и Венко Филипче треба да се свесни дека работењето и делувањето спротивно на државните и интересите на граѓаните, од некогаш голема партија ги доведе СДС да биде трета партија во државата со одвај освоени 130 илјада гласа на последните локални избори“, пишува во реакцијата.

Текстот ВМРО-ДПМНЕ: СДС не сака отворање на рудник кој ќе ја заживее Крива Паланка и ќе отвори нови добро платени работни места е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top