ВМРО-ДПМНЕ: Уставните судии да ги вратат парите од покачувањата кои не им припаѓаат

пред 6 месеци

Уставните судии да ги вратат парите од покачувањата кои не им припаѓаат. Додека во земјава народот се бори за живот тие немаат право да си ги покачат парите, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Луѓе умираат и губат животи на постела барајќи донации, а уставните судии спротивно на закон си изгласале покачување на платите за себе. На земјава со водство на Заев не и треба втора пљачка со хонорари како што беше СЈО“, се наведува во соопштението.

Дополнително, велат од ВМРО-ДПМНЕ, уставните судии треба да ги почитуваат Уставот и законите, а не да ги кршат. Според партијата, гласањето на додаток на плата е незаконски.

„Секое покачување на плата или измени во тој дел треба да помине во Собрание, се друго е кршење на законите.
Дали со ваквите додатоци на плата треба да и се угоди на Кацарска која СДСМ сака да ја избере за Уставен судија, па покрај загарантираниот мандат од 9 години, таа треба да добие и повисока плата?! Бараме веднаш да се укине ваквата одлука, и Министерството за финансии да не постапува по истата при исплата на платите“, веалт од ВМРО-ДПМНЕ.

Share

4Anime dubbed anime: Watch The Misfit of Demon King Academy Episode 4 (https://4anime.biz/m/ONqx/ep-4)

WCOStream wcostream dragon ball: Watch Horimiya Episode 7

Scroll to Top