ВМРО-ДПМНЕ: Честитки коалиција СДС и ДУИ, Кузеска се секира дали ДУИ ќе победи во Брвеница, каде СДС нема кандидат во втор круг

ВМРО-ДПМНЕ: Честитки коалиција СДС и ДУИ, Кузеска се секира дали ДУИ ќе победи во Брвеница, каде СДС нема кандидат во втор круг

пред 2 часа

Честитки за коалицијата СДС–ДУИ. Кузеска толку се грижи дали ДУИ ќе победи во Брвеница, а притоа СДС воопшто нема свој кандидат во вториот круг, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на СДСМ.

„Па, откако СДС остана без свој кандидат, од каде толкава загриженост за изборниот резултат на ДУИ?

Наместо СДС да се грижи за сопственото членство и да зборуваат за сопствената политика и поддршка, СДС се грижи за ДУИ.

СДС се занимаваат со се освен за сопствениот дебакл кој го доживееа во Брвеница. Граѓаните им испратија јасна порака на Филипче и СДС во Брвеница.

Филипче и СДС се обидуваат да најдат утеха во пласманот на четвртото место. СДС со Филипче се сведе на рејтинг од 5% и се радува на поразот од 4 спрема 1 од ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори во Брвеница.

Кога СДС нема кандидат во финалната трка, а толку внимание посветуваат на тоа дали ДУИ ќе победи, тогаш нека се изјаснат јавно за граѓаните да знаат кој за кого навива и чии интереси всушност од СДС се бранат?

Честитки коалиција СДС-ДУИ“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Текстот ВМРО-ДПМНЕ: Честитки коалиција СДС и ДУИ, Кузеска се секира дали ДУИ ќе победи во Брвеница, каде СДС нема кандидат во втор круг е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top