ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов ги партизирал наградите „13 Ноември“

пред 3 години

Петре Шилегов ги партизирал наградите „13 Ноември“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ, по обвинувањата кои ги упатија од СДСМ дека новата градоначалничка Данела Арсовска не присуствувала на церемонијата на доделување што ја организира Град Скопје.

„Со потписот на Шилегов се доделила награда на Денко Малевски кој изјави дека ‘Македонците и Бугарите се ист народ’, како и тимот за имунизација на Венко Филипче кому му починаа над 7.000 луѓе од корона“, се наведува во партиската реакција, во која се додава дека наместо награди за достигнувања, Шилегов си направил партиска тезга од наградите „13 Ноември“.

Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека партијата нема да даде легитимитет на, како што велат, партиски инструирани награди.

„На Скопје му треба независна комисија која непрострасно и професионално ќе ги доделува наградите кои имаат важност и тежина“, се порачува во соопштението.