„ВМРО-ОКГ ангажирала Black Cube за следење на опозицијата: Дури и погреб се користи за политичка кампања“, велат од СДСМ

„ВМРО-ОКГ ангажирала Black Cube за следење на опозицијата: Дури и погреб се користи за политичка кампања“, велат од СДСМ

пред 6 часа

„ВМРО-ОКГ продолжува со својата болна и црна кампања на лажни вести и фабрикувани приказни. Единствената вистина е дека генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, беше во Србија на погребот на својот дедо. Никој друг состанок, никој друг договор, никој друг контакт со било кој од споменатите лица не постои“, велат од СДСМ.

„Саша Димитријевиќ вчера јасно и недвосмислено го демантираше целиот измислен скандал и изјави дека ниту се видел, ниту ги познава Ружиќ и Башановиќ.

Ова е уште еден класичен пример на fake news што го произведува ВМРО-ОКГ. Како што најавивме, ВМРО-ОКГ ангажирала Black Cube – приватниот „Мосад“ за следење и шпионирање на опозицијата, за креирање лажни вести, снимање и фабрикување афери.

Сега гледаме како таа машина работи: дури и најинтимниот момент, погребот на дедото се користи за политичка кампања.

Доказ до каде се подготвени да одат од ВМРО-ОКГ. Колку е ова забегано, да не му дозволат на човекот мирно да го погреба својот дедо, туку да го претворат во „вест“ и да го користат за политичкиа пресметка.

Посебно е цинично што ВМРО-ОКГ сега тврди дека постои „договор за опозициско делување со СПС“, партијата која е најблизок партнер на Вучиќ и СНС, а СНС е сестринска партија на ВМРО-ОКГ.

Вучиќ, покрај Орбан, е најблизок пријател на Мицкоски. Покрај „сестринските“ врски со СНС, Мицкоски има и „братски“ бизнис врски со функционери на СНС.

Така, својот бизнис партнер во енергетиката, Душан Адамовиќ, човек со криминално минато и руски врски, го постави за почесен конзул на Македонија во Србија. Колку ова нема врска со реалниот живот на граѓаните, а колку е само пласирање лажни информации и црна пропаганда. Доаѓа времето на вистината, правдата и одговорноста!“, соопшти СДСМ.

Текстот „ВМРО-ОКГ ангажирала Black Cube за следење на опозицијата: Дури и погреб се користи за политичка кампања“, велат од СДСМ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top