Во автомобил пронајден стружанец во бессознание, со шприц покрај него

пред 3 години

Во СВР Охрид вчера во вечерните часови било пријавено дека на локален пат во охридското село Долно Лакочереј, во возило „фолксваген кеди“, во бессознание бил пронајден Т.С. (49) од Струга.

Како што информираат од МВР, при преглед во возилото, пронајден бил шприц со остатоци од течност.

Со интервенција на екипа на итната медицинска помош од Охрид 49-годишникот бил пренесен во медицинска установа за укажување на лекарска помош.

Share
Scroll to Top