Започнавме со изградба на нова социјална зграда со 34 станбени единици во Кочани намената за ранливите групи на граѓани. Исто така со средства преку Министерството за транспорт и врски реконструираме неколку улици во општината со што значително ја подобруваме безбедноста и урбаното живеење во градот, истакна министерот Благој Бочварски при денешната работна посета на општина Кочани.
Министерот Бочварски, градоначалникот Николчо Илијев и директорот на АД за стопанисување со станбен и деловен простор Кристијан Трајковски, извршија увид во изградба на социјалната зграда како и реконструкција на улицата Теодосија Паунов.
Реконструкцијата на улицата Теодосија Паунов е во рамките на проектот за поврзување со локални патишта, инвестиција од 6,6 милиони денари. Според динамиката на работа, улицата целосно ќе се заврши овој месец.
“Преку Министерството за транспорт и врски на општина Кочани преку блок дотации и беа распределени 6 милиони денари за изградба на кружни текови токму на оваа улица. Практично со овие инвестици општината заокружува една целина во изградба на модерно булеварско решение со што ќе се овозможи побезбеден сообраќај во градот. Во вториот теднер преку овој проект во општина Кочани ќе се реконструираат уште две улици и тоа улица Гошо Викентиев и улица Раде Кратовче“, рече министерот.
Околу новата зграда со социјални станови истакна дека се работи за зграда со 34 станови наменети за социјaлно ранливи категории на граѓани, инвестција од околу 1 милион евра.
Директорот на АД за стопанисување со станбен и деловен простор Кристијан Трајковски истакна дека покрај оваа зграда во Кочани започната е и изградба на нова социјална зграда и во Пехчево.
“Рокот за изградба на оваа зграда е 18 месеци. Зградите во Виница и Свети Николе се во завршна фаза, веќе започнавме со изградба на зградата во Пехчево. До крај на овој месец очекувам да започнеме со изградба и на зградата во Сарај. За објектите во Прилеп и во Штип следниот месец очекувам да се распише јавен повик за изградба и некаде во октомври целиот овој проект до го затвориме со Банката”, изјави Трајковски.