Во Кочани од Словенија стигна донација од 4.070 лепенки за третман на изгореници

Во Кочани од Словенија стигна донација од 4.070 лепенки за третман на изгореници

пред 11 месеци

„Супорт Кочани“ обезбеди донација од 4.070 силиконски лепенки за третман на изгореници и чувствителни повреди на кожа. Лепенките се донирани од граѓани кои живеат во Словенија, како и од словенечка фирма, додека транспортот бил овозможен со поддршка од компанијата Белдона ММС.

„Упатуваме голема благодарност до граѓаните и фирмата што беа вклучени во донацијата, до возачите на Белдона ММС и самата фирма, кои беспрекорно се погрижија за логистичкиот дел и за помалку од 24 часа овозможија донацијата да стигне до нас“, велат од „Супорт Кочани“.

Се додава дека донацијата е уште еден потсетник дека вистинската поддршка понекогаш доаѓа таму каде што најмалку ја очекуваме – од срцата на обичните луѓе, преку граници и без големи зборови.

Текстот Во Кочани од Словенија стигна донација од 4.070 лепенки за третман на изгореници е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top