Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 216 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 79 санкции, девет мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за возач почетник.
Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон, 32 санкции што ги чинат возачи на мотоцикли, шест мерки за нерегистрирани возила, 28 санкции за управување под дејство на алкохол.
„Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, велат од МВР.