Струмичката полиција на 28 февруари добила дојава, по што службеници извршиле контрола во селото Банско, каде била организирана свадвба на која присуствувале околу 300 гости.
Како што информираат од МВР, прославата со која биле прекршени мерките против ширењето на коронавирусот, ја организирале Д.И.(57) и А.И.(54) од Банско за нивниот син Е.И.(26).
Свадбата била прекината, а по целосно документирање на случајот, ќе бидат поднесени кривични пријави за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.