Во текот на изминатото деноноќие изгаснати се 20 пожари во Македонија

Во текот на изминатото деноноќие изгаснати се 20 пожари во Македонија

пред 10 месеци

Во текот на изминатото деноноќие, на ден 25/26.08.2025 година, на територијата на Македонија имаше вкупно 23 пожари на отворен простор, од кои еден е активен, два се под контрола, а изгаснати се 20 пожари, информира Центарот за управување со кризи.

Активен е пожарот во Општина Долнени во село Долгаец каде гори мешана шума.

Под контрола се пожарите во Јасен, каде гори мешана шума, и во Гевгелија, на планината Кожуф каде гори висока шума.

ИЗГАСНАТИ: 20
1. Општина Штип: с. Судик (стрниште);
2. Општина Дебар: с. Елевци (ниска вегетација);
3. Општина Куманово 1: нас. Гоце Делчев (ниска вегетација);
4. Општина Куманово 2: с. Бедиње (ниска вегетација);
5. Општина Теарце: с. Пршовце (ниска вегетација);
6. Општина Гостивар: с. Симница (ниска вегетација и ѓубре);
7. Општина Крушево: влезот на Крушево (депонија);
8. Општина Долнени: с. Гостиражни (ниска вегетација);
9. Општина Кривогаштани: с. Пашино Руфци (стрништа, ролни со слама);
10. Општина Охрид: ул. Железничка (ниска вегетација);
11. Општина Гази Баба: с. Идризово (ниска вегетација и стрниште);
12. Општина Битола: с. Велушина (сува трева и сено);
13. Општина Свети Николе: с. Бориловци (ниска вегетација);
14. Општина Кочани: с. Оризари (сува трева и гранки);
15. Општина Врапчиште: с. Топлица (ниска вегетација и ѓубре);
16. Општина Струга: с. Враништа (стрниште);
17. Општина Василево: с. Доброшинци (запалена депонија);
18. Општина Кочани: с. Оризари (стрниште);
19. Општина Чучер-Сандево: с. Горно Блаце (сува трева);
20. Општина Липково: с. Отља (сува трева).

Текстот Во текот на изминатото деноноќие изгаснати се 20 пожари во Македонија е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top