Во тешка сообраќајка загина поранешниот директор на затвор во Идризово, Живко Пејковски

Во тешка сообраќајка загина поранешниот директор на затвор во Идризово, Живко Пејковски

пред 5 дена

На 61-годишна возраст, вчера во сообраќајна незгода загина Живко Пејковски, поранешен пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен директор на затворот „Идризово“. Пејковски беше пратеник во еден мандат, а потоа ја извршуваше функцијата директор на најголемиот затвор во државава.

Веста за неговата смрт е објавена на социјалните мрежи, каде блиските и пријателите се простуваат од него.

Како што соопшти ОК на ВМРО-ДПМНЕ-Демир Хисар, телото ќе биде изложено во капелата во Демир Хисар утре во 11:00 часот, а погребот на Пејковски ќе се одржи во 13:00 часот на градските гробишта.

Текстот Во тешка сообраќајка загина поранешниот директор на затвор во Идризово, Живко Пејковски е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top