Во Трубарево гори и пластичен отпад, Ангелов рече дека пожарот е подметнат и нема повредени лица

Во Трубарево гори и пластичен отпад, Ангелов рече дека пожарот е подметнат и нема повредени лица

пред 7 часа

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, изјави дека големиот пожар кој денеска избувна во фабриката „Ф – Групација“ во Скопје, каде што се складира електронски отпад, е намерно подметнат и претставува хибриден напад врз државата.

Ангелов објасни дека пожарот зафатил два производствени погони во кои имало и пластика. Огнот делумно се проширил и кон уште два соседни објекти каде што е складирана поголема количина на пластичен отпад.

„Пластиката дава густ и црн, а верувам и токсичен чад“, рече Ангелов.

Директорот на ДЗС соопшти дека нема повредени, а побарана е помош од соседните противпожарни единици. Дел од пожарникарите се во црниот чад со заштитни маски.

Рече дека сите ресурси се насочени кон овој пожар, на терен дејствува ер-тракторот, хеликоптерите на МВР и АРМ, хермелин, пожарникари…

Тој нагласи дека пожар од ваков обем не може лесно да се запали и дека не е случаен:

„Ова е хибриден напад врз државата, бидејќи во краток временски период се случија повеќе тешки пожари што предизвикуваат огромно загадување на воздухот во Скопје – Вардариште, Дрисла, депонијата во Шуто Оризари и денес оваа фабрика. Мета сме на хибриден напад, а за мотивите можеме само да погодуваме.“

Ангелов додаде дека Министерството за внатрешни работи работи на откривање на сторителите и упати апел до граѓаните: „Секое сомнително однесување, лица со туби, особено околу вакви објекти, веднаш пријавете ги на бројот 112 или во најблиската полициска станица.“

Текстот Во Трубарево гори и пластичен отпад, Ангелов рече дека пожарот е подметнат и нема повредени лица е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top