Вредноста скокнала за 220 милиони евра, најскапата пруга со Бугарија завршува со тунел без крај, рече новиот министер Николоски

Вредноста скокнала за 220 милиони евра, најскапата пруга со Бугарија завршува со тунел без крај, рече новиот министер Николоски

пред 2 години

Министерот за транспорт и врски Александар Николоски го повика Јавното обвинителство да го испита работењето на Железница-Инфраструктура и на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) врз основа на наводите од извештајот за јавните инвестиции на Државниот завод за ревизија.

Сомнежите, како што истакна Николоски се за патот Дреново-Градско за кој има ризици од арбитража, зголемената вредност на автопатот Кичево-Охрид за 175 милиони евра, а за кој досега се потрошени 446 милиони евра и не е завршен и по 10 години, како и за третата фаза од пругата кон Бугарија каде вредноста е зголемена за 220 милиони евра односно на 560 милиони евра наместо првично планираните 340.

Според Николоски на крајно нетранспарентен процес почната е тендерската постапка пред избори, а понудите на тендерот се доставуваат до денеска. Ќе следи процес на евалуација заедно ЈПДП и меѓународните кредитори ќе се разговара за ревидирање на проектот.

„Ова е најскапата пруга. Таа ќе поминува низ Крива Паланка за што треба да се рушат десетина, можеби стотина куќи и ќе заврши во тунел кој нема крај. Велам во тунел, затоа што поврзувањето со Бугарија е предвидено со тунел, а ние градиме само од нашата страна. Бугарија нема ни проект за ова. Таа има железничка пруга кон Македонија, но нема неколку километри и не знаеме што ќе се случи“, рече Николовски.

Ги повика меѓународните кредитори, како што рече, да седнат и да разговараат дали е ова начин и дали вреди вака да се трошат народните пари, а ЈО да го испита работењето на двете претпријатија.

По промена на раководството во ЈПДП, Николоски најави дека ќе побара декласифицирање на Договорот со Бехтел и Енка за автопатските делници на коридорите 8 и 10Д.

Текстот Вредноста скокнала за 220 милиони евра, најскапата пруга со Бугарија завршува со тунел без крај, рече новиот министер Николоски е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top