Времето утре – променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Времето утре – променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

пред 2 часа

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец кој наместа во западните делови ќе надминува брзина од 50 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 4, а максималната ќе достигне од 13 до 20 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди и услови за слаби врнежи од дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 19 степени.

Времето во наредните денови

Во недела ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и услови за повремени слаби врнежи од дожд во југозападните делови. Од понеделник следува период на стабилно и потопло време со пораст на дневната температура. Во недела и понеделник ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Од вторник ветерот ќе дува слаб до умерен јужен ветер.

Текстот Времето утре – променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top