Вчера се вакцинирале 12.352 граѓани

пред 3 години

Прва доза вакцина вчера примиле 10.179 лица, а вкупно се вакцинирале 12.352 граѓани, информираат од Министерството за здравство.

Од таму додаваат дека на вакциналните пунктови низ државата заклучно со вчера, вакцинирани се вкупно 219.977 граѓани.

„Во државата вкупно се аплицирани 219.977 дози вакцини, а ревакцинирани се 33.831 граѓанин. Со последните бројки, 43% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина и 33% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина“, соопштија од ресорното министерство.

Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација. Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб-страницата vakcinacija.mk, а се вакцинираат и лица вработени во критичната инфраструктура.

Масовната вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, како и во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица и Охрид.

Share
Scroll to Top