Гаши до сите работници: Вашиот труд е темел на економскиот напредок, на стабилноста на семејствата и на иднината на државата

Гаши до сите работници: Вашиот труд е темел на економскиот напредок, на стабилноста на семејствата и на иднината на државата

пред 3 часа

Претседателот на Собранието, Африм Гаши упати честитка по повод празникот Први мај – Меѓународниот ден на трудот.

„Први мај – Меѓународниот ден на трудот, е ден посветен на сите оние кои со својот труд, знаење, посветеност и одговорност секојдневно придонесуваат за развојот на нашето општество. Работничките права, достоинствената работа, социјалната правда и еднаквите можности не се само вредности што треба да ги чествуваме, туку и обврски кон кои постојано треба да се стремиме“, вели Гаши.

„На сите работници во Република Северна Македонија им упатувам искрени честитки и благодарност за нивниот придонес. Вашиот труд е темел на економскиот напредок, на стабилноста на семејствата и на иднината на државата.

Како институции, имаме одговорност да продолжиме да создаваме услови за безбедна, правична и достоинствена работа, во која секој човек ќе биде почитуван, заштитен и соодветно вреднуван.

Во мое лично име и во име на Собранието на Република Северна Македонија, ви посакувам добро здравје, благосостојба и многу успех на личен и професионален план. Честит 1 Мај – Ден на трудот!“, посака Гаши.

Текстот Гаши до сите работници: Вашиот труд е темел на економскиот напредок, на стабилноста на семејствата и на иднината на државата е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top