Герасимовски: Креирањето на Буџетот со граѓаните носи подобри проекти и унапредување на животот во Центар

Герасимовски: Креирањето на Буџетот со граѓаните носи подобри проекти и унапредување на животот во Центар

пред 4 месеци

Општина Центар во понеделник на 18 декември ја закажа втората сесија на Буџетските форуми на кои ќе бидат вклучени и граѓаните. Средбата ќе се одржи во ООУ „Киро Глигоров“ и на истата ќе биде претставен и разгледан нацрт буџетот на 2024 година и ќе бидат дискутирани проектите кои граѓаните ги предложија на првата средба на Буџетските форуми. Градоначалникот Горан Герасимовски вели дека Општина Центар го цени мислењето на граѓаните и затоа ги вклучува граѓаните во секоја реализација на креирањето политики во локалната самоуправа.

„Вклучувањето на граѓаните во креирањето на Буџетот е од исклучително значење за развојот и унапредување на животот во Центар. Ние ќе се фокусираме на нивните барања според приоритети во рамки на можностите на буџетот. Затоа ги поздравувам проектите кои ги предложија и истите ќе ги разгледаме со цел истите според нивната важност да ги вметнеме во Буџетот за следната година. На втората и завршна сесија исто така сме отворени за нови предлози за конечно прецизирање на Буџетот“, вели градоначалникот Герасимовски.

На буџетските форуми покрај градоначалникот Герасимовски и граѓаните на Центар свое учество ќе земат и раководителите на сите сектори на општинската администрација кои ќе одговараат на прашањата на граѓаните по однос проектите кои се предлагаат и советници во Советот на општината. Одржувањето на граѓанските форуми Општина Центар го прави со цел заеднички да ги креира програмите и проектите кои ќе го направат поквалитетен животот за сите граѓани кои живеат во општината.

Текстот Герасимовски: Креирањето на Буџетот со граѓаните носи подобри проекти и унапредување на животот во Центар е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top