Герасимовски: Никој не е сам за Велигден – пакети со храна за семејства во социјален ризик

Герасимовски: Никој не е сам за Велигден – пакети со храна за семејства во социјален ризик

пред 5 часа

Во пресрет на велигденските празници, општина Центар реализираше хуманитарна акција и подели пакети со основни прехранбени производи на семејства во социјален ризик на својата територија.

Ваквата поддршка не е еднократна, туку дел од континуираните активности на општината, која и во изминатите години редовно обезбедува помош за граѓаните на кои им е најпотребна, особено во пресрет на поголемите празници.

Акцијата има за цел да обезбеди поддршка за најранливите категории граѓани и да придонесе празничните денови да бидат исполнети со достоинство, топлина и грижа за сите, велат од Општината.

„Во духот на Велигден – празник на надежта, солидарноста и човечноста, важно е да покажеме дека никој не е сам. Оваа поддршка ја даваме континуирано и ќе продолжиме и во иднина. Како општина, остануваме посветени на помош за граѓаните на кои им е најпотребна“, изјави градоначалникот Горан Герасимовски.

Општина Центар и во наредниот период ќе продолжи со реализација на мерки и активности насочени кон подобрување на квалитетот на живот на сите граѓани, со посебен фокус на социјално ранливите категории, се додава во соопштението.

Текстот Герасимовски: Никој не е сам за Велигден – пакети со храна за семејства во социјален ризик е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top