Општина Центар асфалтираше дел од улицата Загребска во Мало Курило, на површина од 930 квадратни метри. Со интервенцијата е решен долгогодишниот проблем со големите дупки и дотраениот коловоз, а значително се подобруваат безбедноста и условите за движење на возилата и пешаците, како и пристапноста за жителите од овој дел на општината. Асфалтираниот потег е долг 155 метри и широк 6 метри, извести Општината.
„Коловозот беше во лоша состојба, како резултат на повеќегодишното користење, со дупки и крпеници, а имавме и барања од жителите да се среди. Затоа одлучивме да се постави нов асфалт. Наша цел е секој дел од Центар да има квалитетна инфраструктура и подобри услови за живот“, порача градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.
Претходните недели беа асфалтирани улицата Маџир Маало и кракот на улицата Истарска во Ново Маало. Следна е улицата Владимир Назор, а во тек е и завршување на улицата Ленинова, велат од Општината.

Општина Центар информира дека продолжува со модернизацијата на патната и комуналната инфраструктура со цел да го подбри квалитет на живот на граѓаните.
Текстот Герасимовски: Нов асфалт на Загребска во Мало Курило, крај на дупките, поголема безбедност за жителите е превземен од МАКФАКС.





