Голем дефект на водоводна цевка на „Теодосиј Гологанов“

пред 3 години

Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје од утринските часови се на терен и работат на отстранување на дефект на цевка со дијаметар 400 милиметри на улицата Теодосиј Гологанов, односно на крстосницата со улица Анкарска.

Од претпријатието појаснуваат дека се работи за деликатен дефект, на поголема длабочина, каде парче од цевката е целосно откинато.

„Имајќи ја предвид големината на дефектот, со прекинато водоснабдување се корисниците од следните улици: Митрополит Теодосиј Гологанов, Анкарска, Атинска, Њуделхиска, Бахар Моис Римска, Панче Пешев, Наум Евро и дел од Борка Талевски, а со намален притисок се корисниците од населбата Козле“, се наведува во соопштението на Водовод.

Од таму додаваат дека екипите заедно со потребната механизација работат на што побрзо oтстранување на дефектот и ќе останат на терен до целосно завршување.

Share
Scroll to Top