Во гостиварската полиција, 32-годишен жител на овој град, со иницијали М.С, попладнево пријавил дека го пронашол починат и со повреда на главата дедо му Ќ.С. (83), во неговиот дом.
Од страна на лекар од итната медицинска помош била констатирана смрт, а извршен бил и увид од екипа од гостиварската полиција и јавен обвинител.
По наредба на обвинителот телото на починатиот е дадено на обдукција.