На гостиварската улица „Борче Јовановски“, вчера во попладневните часови бил приведен 49-годишен гостиварец со иницијали Б.А.
Како што информираат од МВР, при преглед во неговата монтажна барака биле пронајдени околу 1.600 разновидни петарди и други пиротехнички средства.
Тој бил задржан во полициската станица Гостивар и по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвена пријава за „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.