Градот Скопје истакнува дека министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска со одбивањето на поканата за отворена работна средба за презентација на сериозните недостатоци во проектот Универзaлна сала, единствено докажува дека таа, како што стои во соопштението, ги потврдува наводите од сите записници и техничка документација дека СДСМ и Шилегов свесни за неправилностите во проектот за реконструкција на Универзалната сала минатата година, продолжиле со градежни активности иако знаеле и биле свесни за сериозноста на проблемите.
„Бегањето на министерката од соочување со фактите и со повикот да потпише изјава за лична одговорност за безбедноста на скопјани и за исправноста на постоечкиот проект за реконструкција на Универзална сала, ги фрла во вода сите досегашни партиски исценирани напади и политички паради од страна на централната власт и СДСМ, кои со ширење дезинформации и манипулирање со јавноста преку соопштенија и прес конференции за политички поени сакаат да ја покријат својата неспособност. Проектот за реконструкција на Универзална сала е со сериозни импликации по текот на активностите што се одвивале, но пред се, овој проект одобрен од СДСМ и Шилегов е далеку од безбеден. Ова го покажуваат сите записници и техничката документација, изготвени уште во време на владеењето на СДСМ со Град Скопје“, стои во реакцијата од Град Скопје.
Од таму како што велат, уште еднаш апелираат до СДСМ да престанат со манипулирање на јавноста и секојдневните напади кон Град Скопје и градската администрација злоупотребувајќи ја ситуацијата во која ја довеле тие самите Универзална сала, за политички поени, а на штета на скопјани. „На Скопје и скопјани им требаат реални, одржливи, но пред се, решенија кои ќе ја гарантираат нивната сигурност и безбедност“, е наведено во соопштението од оваа институција.