Грчки пратеник го искина Преспанскиот договор од говорницата во собранието

Грчки пратеник го искина Преспанскиот договор од говорницата во собранието

пред 8 месеци

Лидерот на десничарско-националистичка партија „Грчко решение“, Кирјакос Велопулос од говорницата во грчкиот парламент искина лист со Договорот од Преспа.

„Ова е договорот од Преспа, ако имаше пристојна национална патриотска општествена влада, ова ќе го направеше овде“, нагласи Киријакос Велопулос, пренесува „Репортер.гр“.

Тој натаму рече и дека не постои ни северна ни јужна Македонија, Македонија е една, а тоа е Грција.

Ја повика грчката влада да ги донесе меморандумите и сите да гласаат против.

„Донесете ги меморандумите за соработка со Скопје, сите да гласаме против, бидејќи тие го поништија Договорот, а не ние“, рече Велопулос.

Засега нема реакции од македонска страна за потегот во грчкиот парламент, ниту пак од претставниците на меѓународната заедница.

Текстот Грчки пратеник го искина Преспанскиот договор од говорницата во собранието е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top