Дали велешкото езеро е пред еколошка катастрофа – партијата Левица ги повика институциите да објаснат што се случува

Дали велешкото езеро е пред еколошка катастрофа – партијата Левица ги повика институциите да објаснат што се случува

пред 2 години

Негрижата на институциите може да ја доведе во прашање безбедноста на користење на Езерото Младост, предупредува политичката партија Левица.

Од тука го начнаа прашањето дали велешкото езеро е пред еколошка катастрофа и дали му се заканува негово уништување.

Советниците на Левица – Велес денес го посетија Езерото Младост, кое повеќе од две недели е прекриено со непозната материја чиј состав сè уште не е утврден.

„Бараме од надлежните институции, Центар за јавно здравје, Републички инспекторат за животна средина, Општина Велес, Институт за јавно здравје, да ја информираат јавноста која е причината за ваквата состојба на Езерото Младост; да потврдат дали водата на Езерото е безбедна за негово користење, како и да преземат мерки со кои би се подобриле квалитетот и изгледот на водата во Езерото“, повика партијата.

Текстот Дали велешкото езеро е пред еколошка катастрофа – партијата Левица ги повика институциите да објаснат што се случува е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top