Двајца браќа со тупаници и шлаканици нападнале полицајци во Струга. Поради опасност од бегство, судот им определеи притвор на напаѓачите.
„Двајца браќа од струшко Велешта, на возраст од 24 18 години, на 15 јуни заеднички нападнале двајца полициски службеници од ОВР Струга кои вршеле контрола на патниот сообраќај. Притоа, осомничените ги удирале полициските службеници со шамари и тупаници и им нанеле телесни повреди. За да се совладаат осомничените на помош кон нападнатите полицајци притекнале уште тројца нивни колеги“, соопшти струшкото обвинителство.
Поради можноста да го повторат делото или да избегаат, судот им определи притвор на напаѓачите во траење од осум дена.