Девојка се здоби со тешки повреди откако излета со автомобил од патот

пред 3 години

Дваесет и четиригодишна девојка од Куманово се здоби со тешки повреди во сообраќајна несреќа што се случи на патот Куманово-с.Пчиња на место викано „Менкова колиба“.

„Патничко возило ‘пежо’, со кумановски регистарски ознаки, управувано од К.К.(24) од Куманово, излета надвор од коловозот. Во несреќата К.К. се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Општата болница во Куманово“, соопшти полицијата.

Извршен бил увид  на местото на несреќата.

Share
Scroll to Top