Сончево и топло со мала до умерена облачност е прогнозата за денес од Управата за хидрометеорологија. Попладне ќе има повремен локален дожд и наместа услови за краткотраен пороен дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 26 до 32 степена.
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има повремен дожд и услови за краткотраен пороен дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне до 31 степен.
Текстот Денес температури до 32 степена, попладне локален дожд и ретки грмежи е превземен од МАКФАКС.






