Деспотовски: Продолжува растот во технолошко индустриските развојни зони

пред 1 недела

Продолжува растот во технолошко индустриските развојни зони, а примената на новиот концепт на ТИРЗ за привлекување странски инвестиции веќе дава конкретни резултати и зголемен број на нови инвестиции, покажува редовната месечна анализа на ТИРЗ која ја презентираше директорот Јован Деспотовски.

„Растот продолжува и во месец август, а бројките покажуваат рекордни економски активности во првите осум месеци од 2021 во однос на минатите години. Овие бројки јасно укажуваат дека економијата не само што го надмина пандемискиот период туку бележи серозен раст. Очекувам ваквиот позитивен тренд да продолжи до крајот на годинава,“ изјави Деспотовски.

Редовната месечна анализа за август покажува највисоко ниво на извоз во првите осум месеци споредено со истиот период во изминатите четири години, како и речиси рекордна извозна и увозна активност годинава. Вкупниот извоз во првите осум месеци во зоните достигнала 2,04 милијарди евра, што е за над 50% повеќе во однос на истиот период лани, односно над 11% во споредба со 2019 и речиси 32% повеќе од 2018 година. Во август извозот бил 275 милиони евра, што е 24% повеќе од август 2020 година, односно за 26% и 45% повеќе споредено со месец август 2019, односно 2018 година.

Според анализата, во првите осум месеци од 2021 година вкупниот увоз во зоните изнесува над 2,036 милијарди евра и е за 63% зголемен во однос на истиот период лани односно 17 % во однос на 2019г, а над 55% во однос на 2018. Само во месец август увозот во зоните достигнал 269 милиони евра и е најголем во последните четири години споредено со истиот месец. Според анализата голем дел од увозот се должи на набавка на машини, опрема и нови технологии поради зголемените инвестициски активности во зоните што се одразува и на нето извозот, односно речиси изедначена покриеност на увозот и извозот во зоните. Заклучно со август нето извозот е во позитива од 0,34%.

Компаративната анализа покажува и раст од 7,15% на бројот на вработени во август споредено со истиот месец лани, и стабилно ниво од над 14.000 вработени во компаниите активни во зоните.

Деспотовски најави и нови странски инвестиции во Штип, Кичево и Скопје.

„Во формална процедура на одобрување се три нови договори за странски инвестиции со вкупен обем од над 54 милиони евра. Само овие инвестиции треба да донесат 680 нови работни места, да го зголемат вкупниот извоз за над 850 милиони евра во десетгодишен период, а приходите во буџетот ќе достигнат до 55 милиони евра на сметка на придонеси, данок на добивка и персонален данок. Само од почетокот на годинава имаме започнати или во фаза на реализација договори за нови инвестиции од речиси 160 милиони евра. Со засилена динамика и квалитативен различен пристап работиме на зголемување на бројот на компании во зоните. Со деловната клима која ја наметна оваа влада покажавме дека знаеме да го искористиме потенцијалот и на новите и на постојните странски инвеститори,“ нагласи Деспотовски.

Соопшти дека веќе е завршена измената на Упатството за оправдани инвестициски трошоци која за првпат е изработена од меѓународна ревизорска куќа и во соработка со компаниите, Советот за странски инвеститори и Асоцијацијата на напредно технолошки компании. Со ова се воведуваат јасни и прецизни правила на игра и заштитен механизам за државата и компаниите. Исто така ТИРЗ ќе ја интензивира соработката со сите Универзитети со цел отворање можности за пракса на студенти во компаниите, за што веќе е потпишан и меморандум со УГД „Гоце Делчев“, Штип.

Share

Animepahe: Seraph of the End: Vampire Reign (Dub) anime episode 12 online free at https://animepahe.cc dubbed anime

TwistMoe Watch anime online, English anime online HD

Lupin the Third (Dub) (https://animefreak.ws/m/Ey6d) Episode 26

Website https://4anime.biz: Watch Ni no Kuni 4anime Episode Full 4anime kakegurui

Instagram: https://www.instagram.com/gogoanimebe/

Mobygames: https://www.mobygames.com/user/sheet/userSheetId,819347/

Scroll to Top