„Димитриеска-Кочоска се фали со ‘рекордни инвестиции’, а всушност ребалансот е признание за неуспех!“, велат од СДСМ

„Димитриеска-Кочоска се фали со ‘рекордни инвестиции’, а всушност ребалансот е признание за неуспех!“, велат од СДСМ

пред 2 часа

„Министерката Гордана Димитриеска-Кочоска денеска се фали дека со ребалансот на Буџетот обезбедуваат „рекордни“ 46 милијарди денари за капитални инвестиции. Ова е уште една пропагандна изјава која нема допир со реалноста“, велат од СДСМ.

„Фактите се следи:

• Ребалансот не е направен затоа што „одговорно управуваат со јавните финансии“, туку затоа што приходите значително заостануваат зад планираното.

• Капиталните инвестиции во реалноста се реализираат со многу ниска стапка – често под 50%. Минатата година, и покрај големите бројки на хартија, реализацијата беше далеку под очекуваното.

• Наместо вистински развојни проекти, поголемиот дел од буџетот оди за тековни трошоци – плати, пензии, отплата на долгови и одржување на системот.

• Зад „рекордните инвестиции“ се крие зголемено задолжување, партиски криминални тендери и префрлање на средства од едни во други категории, само за да се создаде впечаток на активност.

Организираната криминална група во Владата на Мицкоски, која ја предводи тендер коалицијата нема развојна стратегија. Има само пропагандна машинерија која секој ребаланс го претставува како историски успех, додека граѓаните се соочуваат со поскапувања, ниски плати и празен буџет.

Ова не се „рекордни инвестиции“ тукурекордна измама на јавноста“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Текстот „Димитриеска-Кочоска се фали со ‘рекордни инвестиции’, а всушност ребалансот е признание за неуспех!“, велат од СДСМ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top