Директорите на ФЗОРСМ остварија средба со претставници на ССМ и УПОЗ

Директорите на ФЗОРСМ остварија средба со претставници на ССМ и УПОЗ

пред 2 години

Двајцата в.д директори на ФЗОРСМ, Сашо Клековски и Бранко Аџигогов денеска остварија средба со Слободан Трендафилов, претседател на ССМ и Трпе Деаноски, претседател на УПОЗ, како и со Бојан Трипуновски, генерален секретар на УПОЗ, и Зоран Печевски, претседател на синдикатот на ФЗОРСМ.

Како што известуваат од ФЗОРСМ, на средбата било истакната важноста на социјалниот дијалог, како и Колективниот договор и проблемите во неговото спроведување.

Во непосредно минато ФЗОРСМ се соочи со штрајк поради нерешавање на наталожените проблеми.

Раководството на ФЗОРСМ е посветено на социјалниот дијалог и дава целосна поддршка во исполнување на колективните договори. Подобри услови за работа се важен дел во подобрување на здравствените услуги, се наведува во соопштението на ФЗОРСМ.

Текстот Директорите на ФЗОРСМ остварија средба со претставници на ССМ и УПОЗ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top