Градежните активности за доградба и проширување на општинското основно училиште „Кирил Пејчиновиќ“ влегуваат во својата завршна фаза.
Градоначалничкатана Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска – Трајкоска, денеска изврши увид на терен, каде интензивно се работи на финализирање на овој значаен проект.
Таа посочи дека со изградбата на нови 390 квадратни метри простор, односно по 130 квадрати на секој кат, трајно се унапредуваат условите за следење на наставата за 953-те ученици во ова училиште.
Проектот се реализира преку договор со Министерството за образование и наука, како дел од проектите одобрени од Владата за реализација на капитални инвестиции низ општините.
„Задоволство е да се види дека градежните работи на објектот се одвиваат со предвидената динамика и веќе влегуваат во својата завршна етапа. Со финализирањето на оваа доградба до крајот на годината, речиси илјада ученици ќе добијат современ простор кој ги задоволува највисоките образовни стандарди. Ова проширување е само еден од низата проекти преку кои континуирано го подигнуваме стандардот во нашите училишта и обезбедуваме подобра иднина за секое дете“, истакна градоначалничката Стаменкоска – Трајкоска.
Текстот Доградбата на ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ во Кисела Вода влегува во завршна фаза е превземен од МАКФАКС.






