ДОМ бара измени на Кривичниот законик: подметнувањето пожар да се третира како обид за убиство

ДОМ бара измени на Кривичниот законик: подметнувањето пожар да се третира како обид за убиство

пред 6 часа

Зелената партија ДОМ остро реагира на денешниот пожар во скопското село Трубарево.

„Очигледно дека не станува збор за изолиран настан – претходно гореа депониите Вардариште и Дрисла. Секој ваков пожар е директна закана по животот и здравјето на луѓето, а институциите остануваат неми и без одговорност“, велат од ДОМ.

Партијата како дел од „Коалицијата за зелена иднина“ порачува дека дојде моментот да се престане со полупразни изјави и симболични реакции на институциите.

„Кога чадот ги труе белите дробови на децата, кога цели населби се задушуваат, тоа не е „општа опасност“ – тоа е обид за убиство. Затоа, ги повикуваме сите пратеници во Собранието – од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ, ВЛЕН и сите други политички партии – веднаш да се обединат и да подготват итни измени на Кривичниот законик со кои подметнувањето пожар ќе биде јасно утврдено како кривично дело што ќе се третира како обид за убиство“, се додава во соопштението.

Текстот ДОМ бара измени на Кривичниот законик: подметнувањето пожар да се третира како обид за убиство е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top