Драги Рашковски поднесе оставка

пред 4 години

Драги Рашковски утрово на својот Фејсбук објави дека поднесува оставка од функцијата секретар за мониторинг и поддршка на институциите при реализација на програмата на Владата и на стратешки проекти. Датумот на писмото до премиерот Зоран Заев е 12 април.

Како што наведува во писмото, повлекувањето е поврзано со зачувување на достоинството и интегритетот.

„ Вистината нека се провери преку институциите. Нема затскривање позади функции. За лажните вести најдобро искуство да го преточиш во научен труд е преку лично искуство. Се надевам лажните вести ќе престанат, зошто нивното негативно влијание не штети само лично. Вистинската причина за повлекувањето е наведена во самото писмо. Се поразлично од тоа е лажна вест“ пишува Рашковски.

Вистината нека се провери преку институциите. Нема затскривање позади функции. За лажните вести најдобро искуство да го…

Posted by Dragi Raskovski on Tuesday, 13 April 2021

Неговото име во последниот период е поврзано со многу скандали, тендери, непријавен имот, злоупотреби на службената должност. Во Државната комисија за спречување на корупцијата отворени се предмети за набавката на софтвер за контрола во сообраќајот кој Рашковски како генерален секретар на Владата го распишал без знаење на МВР. Се проверува и неговата имотна состојба која не е еднаква со пријавеното во неговиот имотен лист. Името на Рашковски се споменува и во скандалот со италијанската компанија Леонардо за опрема на скопскиот аеродром. Во неговиот анкетен лист го нема и земјиштето кај Побожје на кое планира да изгради куќа од 800 квадратни метри, а го нема и џипот „волво“ што вреди 70 илјади евра. Рашковски беше автор и на неколку проекти кои упорно ги туркаше во Владата, ама поради бројни реакции од јавноста не се реализираа (проектот со брзата помош со хеликоптерите и проектот за јавно приватно партнерство за наплата на акцизните стоки).

Share
Scroll to Top