Другарите на загинатиот Ице Андонов ќе му ја исполнат желбата да го однесат неговиот автомобил на саем

Другарите на загинатиот Ице Андонов ќе му ја исполнат желбата да го однесат неговиот автомобил на саем

пред 1 година

Дваесетгодишниот Ице Андонов е еден од загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, кој го жртвувал својот живот за да спасува луѓе, кобната ноќ на 16 март.

Тој имал неисполнета желба која неговите другари ќе му ја исполнат постхумно – да го однесат неговиот автомобил на саем за автомобили.

Според сведочењата, Ице бил вработен во дискотеката и неколкупати влегувал и излегувал за да спасува животи, а имал и обиди да ја скрши заглавената споредна врата.

Во пожарот во дискотеката „Пулс“ животот го загубија 59 лица. Почина и возачот на брзата помош во Кочани кој ноќта и во текот на следниот ден превезувал повредени лица од Кочани до Скопје. Кога дошол дома заспал, и повеќе не се разбудил.

 

Текстот Другарите на загинатиот Ице Андонов ќе му ја исполнат желбата да го однесат неговиот автомобил на саем е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top