Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека со денешниот лет од Дубаи се евакуирани вкупно 150 патници, од кои 125 македонски државјани, 7 државјани на Србија, 11 државјани на Косово, 2 државјани на Босна и Херцеговина, 2 државјани на Албанија, 1 државјанин на Германија, 1 државјанин на Ерменија и 1 државјанин на Црна Гора.
Во моментов во Обединетите Арапски Емирати остануваат околу 200 македонски државјани кои првично се пријавиле за евакуација, но според нивните изјави во овој момент не изразуваат подготвеност да ја реализираат.
Авионот од Дубаи се очекува да слета на Меѓународниот аеродром Скопје околу 20:00 часот по локално време.
Во однос на евакуацијата од Ријад, која е планирана за утре, Министерството информира дека до овој момент се пријавени вкупно 153 патници кои ќе полетаат од Riyadh – King Khaled International Airport. Од нив, 9 се од Саудиска Арабија, 15 од Бахреин, 96 од Катар и 33 од Кувајт.
Имајќи предвид дека нашата земја нема склучено договор за воздушен сообраќај со Кралството Саудиска Арабија, предвидено е авионот да слета на аеродромот во Приштина, по што ќе биде организиран превоз за патниците до Скопје.
Од Министерството напоменуваа дека целата организација на летовите, вклучително и сите поврзани трошоци, е покриена од страна на Владата преку Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.
фото/Depositphotos
Текстот Евакуирани уште 150 патници со лет од Дубаи, меѓу нив има и странски државјани е превземен од МАКФАКС.





