Еден месец нема одговор од Мицкоски и Филков зошто не се испратени документите за Груевски, велат од СДСМ

Еден месец нема одговор од Мицкоски и Филков зошто не се испратени документите за Груевски, велат од СДСМ

пред 3 часа

Еден месец јавноста чека одговор од Христијан Мицкоски и министерот за правда Филков зошто не се испратени документите за екстрадиција на Никола Груевски. Цел еден месец молчат и не прават ништо, велат од СДСМ.

„Наместо постапување, одолговлекување. Наместо правда, заштита на бегалецот Груевски.

Прашањето е многу едноставно:

Дали Мицкоски и Филков намерно не ги испраќаат документите за екстрадиција за да му овозможат на Груевски повторно да ја избегне правдата?

Мицкоски не го сака враќањето на Груевски затоа што знае дека тоа директно би ја загрозило неговата позиција во ВМРО-ОКГ. Затоа веќе ги тргна сите потпретседатели и од општинските комитети на партијата направи личен фан-клуб, во страв од враќањето на неговиот ментор.

Филков, пак, молчи и се обидува по секоја цена да ја зачува фотелјата, иако веќе се шпекулира дека ќе биде сменет во реконструкцијата на Владата“.

Граѓаните, додаваат од опозициската партија, веќе гледаат дека сето ова не случајност. Станува збор, како што оценуваат, за свесна и намерна заштита на Никола Груевски човекот кој стана симбол на криминалот, корупцијата и заробената држава.

„Испратете ги документите веднаш и овозможете правдата конечно да стигне и до Никола Груевски.

Вистината излегува на виделина.

Доаѓа времето на правдата и одговорноста“.

Текстот Еден месец нема одговор од Мицкоски и Филков зошто не се испратени документите за Груевски, велат од СДСМ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top