Едногодишно бебе почина во охридската болница

Едногодишно бебе почина во охридската болница

пред 3 години

Едногодишно бебе почина денес во охридската болница.

Според информациите од СВР Охрид, бебето, утрово, во 7.44 часот, било донесено во тешка здравствена состојба, а по реанимацијата, констатирана е смрт.

Состојбата на бебето, како што се наведува, е резултат на претходни заболувања и нема траги на насилство.

За настанот е информиран јавен обвинител по чија наредба телото му е предадено на семејството.

Текстот Едногодишно бебе почина во охридската болница е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top