Едно лице е тешко повредено во сообраќајна несреќа што се случила вчера на патот Макази-Маркова нога, кај крстосницата за с.Сливница.
Несреќата се случила помеѓу мотор и автомобил.
Во незгодата В.Д. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола. Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Битола.