Жителите на Водно се жалат на небезбедни улици без тротоари и пешачки, најавија протест

Жителите на Водно се жалат на небезбедни улици без тротоари и пешачки, најавија протест

пред 3 часа

Жителите на Водно се жалат на небезбедни улици без тротоари и пешачки. Тие предупредија дека ако во рок од седум дена нема план од надлежните, ќе протестираат.

„Овојпат не чекаме повеќе. Доколку во рок од 7 дена нема конкретен писмен план за акција и почеток на подобрувањата на терен, ние, жителите на населба Водно ќе ја блокираме улицата ‘Питу Гули’ – мирно, одговорно, и додека проблемот не се реши. Да не чекаме некое дете да настрада, ако се случи трагедија – одговорноста е јасна и јавна“, велат жителите во допис до медиумите.

Тие истакнуваат дека во главниот град, во, како што велат, „елитната населба“, децата од две основни училишта „Кочо Рацин“ и „Киро Глигоров“ не може да стигнат до училиште без да го ризикуваат животот и дека na улицата „Питу Гули“ веќе се случуваат многу сообраќајни несреќи од кои и со повредени пешаци.

„Тротоарите ги нема, а онаму каде ги има се окупирани од нелегално паркирани возила, контејнери и ѓубре, градежни огради, дрвја и пенушки, странки и гости на амбасадите и резиденциите. Тротоар има за секого и сешто, освен за безбедно движење на децата“, се вели во дописот.

Жителите велат дека населба Водно е станата обиколница за оние кои ги бегаат од „шпицот“ и камерите на Safe City, а резултатот е уште поголема брзина и уште помала безбедност, пропратени од константна рамнодушност и имплицитен амин од институциите.

„Ги прашуваме МВР, Град Скопје, Општина Центар: Зошто нелегално паркирање е поважен од животот на децата? Зошто не се ослободат тротоарите за непречено движење? Зошто не постапуваат по законот и не ги користат механизмите кои се нивна должност? Зошто е одбиено сообраќајното решение за Населба Водно? Ако немањето ДУП е пречка, зошто сè уште нема ДУП? Зошто чекаме катастрофа за да се реагира? Бараме основни услови за безбедно движење на децата по тротоарите: острнување на секакви пречки и нелегални објекти, столбови за заштита на тротоарот, обележани пешачки премини, лежечки полицајци, еднострано зонско паркирање“, велат жителите на Водно.

Текстот Жителите на Водно се жалат на небезбедни улици без тротоари и пешачки, најавија протест е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top