Забранети дополнителни 33 нелегални приредувачи на онлајн игри на среќа – вкупно 307 досега

Забранети дополнителни 33 нелегални приредувачи на онлајн игри на среќа – вкупно 307 досега

пред 4 часа

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска потпиша налог за ограничување на пристапот до нелегални веб-страници и веб-апликации преку јавните електронски комуникациски мрежи, во случаи на нелегално приредување игри на среќа.

Со најновиот налог се опфатени дополнителни 33 нелегални веб-страници, што значи дека вкупниот број на досега опфатени (забранети) нелегални страници изнесува 307.

Налогот е доставен до Агенцијата за електронски комуникации, која е должна во рок од пет дена да го достави до операторите на електронски комуникациски мрежи за спроведување.

Министерството за дигитална трансформација ќе продолжи со континуирани мерки за сузбивање на нелегалното приредување игри на среќа на интернет, со цел заштита на граѓаните и безбедност во дигиталниот простор.

Текстот Забранети дополнителни 33 нелегални приредувачи на онлајн игри на среќа – вкупно 307 досега е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top