Заев: Загубата на Трајче Нешковски е загуба и за нашата држава, за македонското здравство

пред 3 дена

Денеска на комеморативна седница беше оддадена почит на ликот и делото на прерано починатиот Трајче Нешковски, поранешен секретар на СДММ, истакнат член на СДСМ и докажан здравствен работник.

Денеска, на комеморативна седница, оддадовме почит за прерано починатиот другар Трајче Нешковски и изразивме сочувство…

Posted by Zoran Zaev on Сабота, 17 октомври 2020

„Со прераната смрт на Трајче, СДСМ загуби чесен, професионален, искрен член и борец со визија, со храброст и решителност. Неговиот ангажман како секретар на СДММ, а потоа и како истакнат член на СДСМ е пример за тоа како млад човек може да се вгради во борбата за подобро утре, за промени во оштеството, за слобода, демократија. Сегашните и идни членови на СДММ и СДСМ, имаат вистински модел за тоа“, напиша премиерот Зоран Заев на својот фејсбук профил.

Денеска на комеморативна седница беше оддадена почит на ликот и делото на прерано починатиот другар Трајче Нешковски,…

Posted by СДСМ – Социјалдемократски сојуз на Македонија on Сабота, 17 октомври 2020

„Загубата на Нешковски не е само загуба за неговото семејство, пријателите, младите, не е само загуба за СДСМ, тоа е загуба и за нашата држава, за нашето македонско здравство. Трајче даваше сѐ од себе во борбата против коронавирусот, даваше сѐ од себе да им помогне на оние кои имаа потреба од помош.

Во овие моменти на силна болка, да најдеме утеха во големината на Трајче, во вредностите што ги остави зад себе. И како човек и како доктор и како член на СДСМ.

Јас, но и сите кои го познаваа Трајче засекогаш ќе го носиме во нашите срца, во нашите мисли“, напиша Заев.

Share
Scroll to Top