Заев: Нацрт извештајот на УНЕСКО е силен аларм за состојбата во Охридскиот регион

пред 6 дена

Нацрт – извештајот на УНЕСКО е силен аларм за состојбата во Охридскиот регион, потребно е највисоко ниво на ангажираност за отстранување на сите ризици кои го загрозуваат Охридското Езеро. Ова е ставот на премиерот, Зоран Заев,  и владини претставници кои денеска одржаа координативен состанок на кој се анализираа наодите во нацрт извештајот на Реактивната мисија на УНЕСКО за состојбата со природното и културното наследство во Охридскиот регион.

„На почетокот на работниот состанок, премиерот Заев уште еднаш ја реафирмираше определбата на Владата да се зачува статусот на Светско наследство на Охридскиот регион со цел заштита на регионот, владеење на правото и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните, имајќи ги предвид реалните ризиците и можноста Охридското Езеро и неговото природно и културно наследство да биде прогласено за загрозено подрачје. Во таа насока, премиерот Заев на средбата истакна дека нацрт извештајот на УНЕСКО треба да се прифати како уште еден, до сега најсилен аларм за состојбата со Охридскиот регион и дека сега се налага огромна потреба за највисоко ниво на ангажираност кај сите чинители за да се отстранат сите ризици кои го загрозуваат Охридското Езеро“, соопштија од Владата.

На сотанокот било потенцирано дека Владата ќе инсистира на завршување на процесот на отстранување на сите бесправно изградени објекти кои се опасност за Охридскиот регион и за таа цел ќе се организираат иницијативи со градоначалниците на Охрид, Струга и Дебарца, за секоја институција итно да ги преземе сопствените одговорности, како и да се спроведе поништување на сите аспекти од, како што велат од Владата, штетните проекти кои се наследство од минатото меѓу кои проектите на Субрата Рој и Владата до 2016 година и Љубаништа 1 и 2.

На состанокот било нагласено дека Владата ќе преземе сѐ што е во нејзина надлежност, меѓу што и активности за координација со Владата на Албанија за прашања од заеднички интерес за заштита на Охридското Езеро и крајбрежниот појас.

Дополнително, на средбата било договорено Владата да преземе итни чекори за стручно кадровско екипирање во најрелевантните институции како што се Завод и музеј Охрид, Управата за заштита на културното наследство, Управата за заштита на животната средина и другите институции во сферата на заштита на животната средина, а истото се очекува да го направат и општините во своите надлежности.

На состанокот било договорено да продолжи координацијата меѓу надлежните институции со забрзано темпо и до УНЕСКО да биде доставен соодветен одговор по однос на алармантниот драфт извештај, а штом се заврши темелната анализа сите наоди ќе бидат презентирани пред јавноста од страна на Премиерот и сите останати релевантни носители на јавни функции.

На состанокот учествуваа вицепремиерот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи, министерката за култура Ирена Стефоска, министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на Македонски железници – Инфраструктура Хари Локвенец.

Share

The Misfit of Demon King Academy (https://gogoanime.be/m/VXQj) Episode 13 at GoGoAnime the daily life of the immortal king gogoanime

Re:Zero kara Hajimeru Isekai Seikatsu 2nd Season Part 2 Episode 2 at website https://funimationfree.com funimation app ps4

Scroll to Top