Заев на средба со Сојузот на борцитe: Ќе ги поддржиме сите активности за сеќавање на светлите датуми од НОБ

пред 8 месеци

Премиерот Зоран Заев прими делегација на Сојузот на борците предводена од претседателот на главниот одбор на сојузот, Никола Стојаноски, придружуван од потпретседателот на главниот одбор Борко Зафировски. Како што информираат од владината прес-слижба, на средбата на која присуствувале и министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, и националниот координатор за интеркултурализам, Роберт Алаѓозовски, Заев истакнал дека Владата останува и понатаму посветената на поддршката на Сојузот на борците во негувањето на традициите и на светлите датуми од Народно-ослободителната борба. Во таа насока Владата ќе ги поддржи сите активности на Сојузот на борците кои идната година со серија свечености ќе го одбележат големиот јубилеј – 80 години од народното востание. На средбата било истакнато и дека Сојузот на борци го асоцира патот за членство на нашата земја во ЕУ, успесите во зачувувањето на идентитетот, како и членството во НАТО како борбата на модерното време и на оваа генерација, бидејќи се остварување на стратешки цели зацртани во визијата и вредностите на основоположниците на Сојузот на борците.

Share

AniWatch animes online: Watch SK8 the Infinity (Dub) Episode 5

AnimeHeaven dr stone anime heaven: Watch So I'm a Spider, So What? Episode 4 (https://animeheaven.pro/m/6q4Y/ep-4)

Scroll to Top